Менаџмент

Роланд Циглер

Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ

Роланд Циглер е машински инжинер кој завршил на Техничкиот Колеџ во Виена. Потоа студирал Бизнис Администрација на Виенскиот Универзитет за Бизнис и Економија. Својата кариера ја реализирал на водечки менаџмент позициии, пред се во одделите за маркетинг и продажба, во различни интернационални компании како водечкиот производител на цигли Винербергер и водечкиот европски производител на инфрацрвени греачи Шванк. Во 2011 се приклучува на групацијата ЕВН АГ како одговорен за развој на Одделот за Енергетски Услуги, како фотоволтаици, улично осветлување, консалтинг и продукти за енергетска ефикасност електромобилност и сл. Во 2019 станува прокурист за  EVN Energievertrieb GmbH & Co KG. Од 2017 е Претседател на Асоцијацијата за електромобилност на австриските снабдувачи со електрична енергија. Од први април 2019 година е Управител на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје

Беркант Шен

Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ

Беркант Шен студирал Бизнис администрација на SEEU. Во ЕВН групацијата работи 13 години и има вредно искуство на слободниот и на регулираниот пазар за електрична енергија. На почетокот на 2016 година назначен е за раководител на Оддел за продажба и прокурист на ЕВН Македонија Електроснабдување. Во 2019 година назначен е за Менаџер на ЕВН Електроснабдување. Комплетно е посветен на своите корисници и им нуди постојана и безрезервна подршка. Со својата флексибилност и оптимизам Беркант е мотивација тимот за продажба да ги достигне највисоките стандарди.

Енергетска ефикасност во бизнисот

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]